Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Русија и Украина Кит Келог се противел на состанокот меѓу Трамп и Зеленски во овалната соба, сметајќи дека нивниот однос најпрво треба да биде зацврстен. Си-Ен-Ен јавува дека тимот на Зеленски инсистирал на средбата во Белата куќа и покрај советот на Келог.

Келог изјави дека Зеленски на состанокот постапил „на најлош можен начин, оддавајќи впечаток дека е непопустлив. Тоа не мина добро, а сите во просторијата се почувствуваа навредени. Сега Зеленски самиот мора да најде начин како да ја поправи оваа ситуација, ние не може да му помогнеме“ изјави Келог.

Средбата меѓу Трамп и Зеленски, на која присуствуваше и потпретседателот Џеј Ди Венс мина во напната атмосфера и караници, за на крајот Зеленски да биде исфрлен од Белата куќа без да одржи прес-конференција и без да биде постигнат договор.

Скандалозната дискусија во Белата куќа која беше пренесувана од телевизиските камери стана вирална и најкоментиран настан во светот на социјалните мрежи.

Трамп на својата мрежа Трут Сошиал објави дека Зеленски „покажал непочитување кон САД во Белата куќа“. Европската Унија и другите сојузници на Украина застанаа зад Зеленски.

 

Слични новости