Во денешното дернби на 12. коло на Премиер лигата Њукасл во сензационален натпревар го победи Манчестер сити со 2:1. Херој на Њукасл беше Харви Барнс кој ги постигна двата гола за Њукасл, иако претходно промаши две стопроцентни шанси.

Голманот на Манчестер сити Донарума го спаси својот тим од катастрофа, затоа што им одбрани неколку зицери на Барнс и Волтемаде. На другата страна шанси за гол имаа Халанд и Фоден, но единствениот гол за Манчестер сити го постигна Рубен Дијаш.

Њукасл поведе во 68. минута, но за само две минути Манчестер сити израмни на 1:1. Во 75. минута Барнс го постигна својот втор гол во акција во која претходно Бруно Гимараеш ја погоди гредата. До крајот на мечот Сити напаѓаше и имаше посед од дури 90 посто, но не создаде ниту една вистинска шанса за гол.

Победник на денот е Арсенал, бидејќи двата најсериозни ривали за титулата Манчестер сити и Ливерпул денеска беа поразени. Арсенал утре го игра дербито на северен Лондон со Тотенхем. 

 

Слични новости

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа