Новиот Спајдермен викендов заработи 145 милиони долари на американскиот Бокс офис и го задржа првото место, иако филмот според заработка падна за 59 проценти во однос на премиерниот викенд.

Досега новиот Спадермен за две недели прикажување заработи фабтастични 655 милиони долари само во САД со што стана еден од 10-те најуспешни филмови на американскиот Бокс офис на сите времиња.

Истовремено, Спајдермен со супер ѕвездите Том Холанд и Зендеја надмина заработка од една милијарда долари надвор од САД за помалку од две недели.

Досега „Спајдермен: Бренд њу деј“ има заработено 1,67 милијарди долари глобално, со што се проби на 12-тото место на филмови според заработка на вечната листа.

Слични новости

Евтаназијата легализирана во цела Австралија

Евтаназијата легализирана во цела Австралија

Според усвоените одредби, барање може да поднесат полнолетни лица заболени од неизлечива болест, за која се проценува дека ќе доведе до смрт во рок од најмногу 12 месеци. Исполнетоста на барањето мора да го потврдат двајца независни лекари.

„Мета“ се согласи на судска спогодба, ќе плати и над 16 милијарди долари

„Мета“ се согласи на судска спогодба, ќе плати и над 16 милијарди долари

Американската компанија Мета, во чија сопственост се мрежите Фејсбук и Инстаграм, се согласи да плати максимум 16,68 милијарди долари и да воведе значајни промени на своите платформи за да го заврши спорот со 29 американски држави кои ја обвинија дека ги дизајнирала социјалните мрежи да создадат зависност кај децата.