Откако хрватскиот стручњак Игор Тудор беше отпуштен во понеделникот, 66-годишниот Лучијано Спалети се споменува како главен кандидат за клупата на италијанскиот фудбалски великан Јувентус.
Неделниот пораз на гости од Лацио (0:1) му пресуди на Тудор. Тоа беше осми натпревар по ред за Јувентус без победа, при што торинската „Стара дама“ не постигна гол во ниту еден од последните четири натпревари.
Италијанските медиуми објавуваат дека Спалети би можел да биде наследник на Тудор. Според последните информации, Јувентус е подготвен да му понуди на Спалети договор до крајот на оваа сезона со обврска да го продолжи доколку се квалификуваат за Лигата на шампионите следната сезона.
Спалети беше отпуштен од италијанската репрезентација во јуни оваа година, која ја водеше од август 2023 година. Пред тоа, го предводеше Наполи до „скудетото“ во 2023 година, а во текот на кариерата ги водеше и Интер, Рома, Зенит, Удинезе, Анкона…
Јувентус моментално е на осмото место со 12 бода, шест зад лидерите Наполи и Рома.
Слични новости
Лејкерс славеа во Феникс
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа на гостински терен против Феникс Санс со 116:114 и го задржаа четвртото место на Западот
Рекорд на Баерн во Бундеслигата
Екипата на Баерн Минхен го постигна својот 50. гол вчеравечер во ремито 2:2 со Мајнц во 14. коло од германската Бундес лига.
Алонсо здивна, Реал победи кај Алавес
Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Алавес со 2:1 на гостувањето во Виторија во последниот неделен натправар од 16-то коло на шпанското првенство и со тоа ја намалија бодовната разлика зад лидерот Барселона на четири бода


