Откако хрватскиот стручњак Игор Тудор беше отпуштен во понеделникот, 66-годишниот Лучијано Спалети се споменува како главен кандидат за клупата на италијанскиот фудбалски великан Јувентус.
Неделниот пораз на гости од Лацио (0:1) му пресуди на Тудор. Тоа беше осми натпревар по ред за Јувентус без победа, при што торинската „Стара дама“ не постигна гол во ниту еден од последните четири натпревари.
Италијанските медиуми објавуваат дека Спалети би можел да биде наследник на Тудор. Според последните информации, Јувентус е подготвен да му понуди на Спалети договор до крајот на оваа сезона со обврска да го продолжи доколку се квалификуваат за Лигата на шампионите следната сезона.
Спалети беше отпуштен од италијанската репрезентација во јуни оваа година, која ја водеше од август 2023 година. Пред тоа, го предводеше Наполи до „скудетото“ во 2023 година, а во текот на кариерата ги водеше и Интер, Рома, Зенит, Удинезе, Анкона…
Јувентус моментално е на осмото место со 12 бода, шест зад лидерите Наполи и Рома.
Слични новости
Сан Антонио Спарс и Њујорк Никс финалисти на НБА Купот
Сан Антонио Спарс и Њујорк Никс се финалисти на НБА Купот. Спарс, со враќањето на француската ѕвезда Виктор Вембањама, ги изненадија шампионите Оклахома Сити Тандер со 111:109 во полуфиналето во Лас Вегас, додека Њујорк ги победи Орландо Меџик со 132:120
Победа на Ливерпул, во тимот се врати Салах
Фудбалерите на Ливерпул на својот „Енфилд“ го победија Брајтон со резултат 2:0. Арне Слот реши и денеска да го изостави Мохамед Салах од стартната постава, но брзо го воведе во игра, откако во првото полувреме се повреди Џо Гомез
Упамекано најверојатно заминува од Баерн Минхен
Упамекано бара годишна плата од 16 милиониу евра, а управата на Баерн не е подготвена да ги прифати овие услови. За Упамекано се заинтересирани Реал Мадрид и Париз Сен Жермен.


