Во најголемото дерби на шпанскиот фудбал, Реал Мадрид ја победи Барселона со 2:1 пред 78.107 гледачи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, избегнувајќи го својот најголем ривал со пет бодови разлика.

Цврстиот натпревар беше на ниво на реномираните ривали, особено првото полувреме во кое беа постигнати сите три гола. Стрелци за „Кралскиот клуб“ беа Килан Мбапе (22) и Џуд Белингам (43), додека Фермин Лопез (38) постигна гол за Барса.

Гледачите видоа и еден промашен пенал, уште три поништени гола, како и еден поништен пенал. Во последните моменти од натпреварот, каталонскиот тим остана со играч помалку откако Педри доби втор жолт картон, а последните секунди беа обележани со мешаница на теренот, што ја принуди полицијата да интервенира во раздвојување на вжештените глави.

Реал ја забележа својата 106-та победа во 262-то „Ел класико“, со 104 порази и 52 нерешени резултати.

 

Барселона имаше големи проблеми со повреди пред натпреварот. Рафиња, Жоан Гарсија, Марк-Андре тер Штеген, Гави, Роберт Левандовски и Дани Олмо беа оставени поради повреди. Каталонскиот тим беше и без главниот тренер Ханси Флик, кој мора да отслужи суспензија од еден натпревар откако доби два жолти картони против Жирона. Апелациониот комитет ја отфрли жалбата на Барса, па тимот го водеше неговиот помошник Маркус Сорг.

Се започна жестоко. Винисиус падна во шеснаесетникот во третата минута, а судијата Цезар Сото Градо веднаш покажа на белата точка. Сепак, по повик од ВАР собата, тој ја промени својата одлука поради прекршок во нападот.

Десет минути подоцна, Реал ја затресе мрежата. Килиан Мбапе постигна убав гол од повеќе од 20 метри. Сепак, ВАР собата повторно проговори. Францускиот напаѓач беше во „милиметарски“ офсајд и голот беше поништен. Во 22. минута сè беше чисто. Џуд Белингам одлични го проигра Мбапе, кој истрча сам пред Војчех Шчесни и го постигна својот 11-ти гол оваа сезона.

Барса успеа да израмни во 38. минута. Арда Гулер ја изгуби топката во опасната зона, а потоа Педри го пронајде Рашфорд кој правовремено му асистираше на Лопез, кој постигна гол за 1:1. Сепак, радоста на гостите не траеше предолго. Во 43. минута, повторно Реал поведе. Винисиус центаршутираше од лево, Едер Милитао со глава ја врати топката во средината за Белингам, кој осамен лесно постигна гол за 2:1.

Во судиското продолжение од првото полувреме, Мбапе повторно ја турна топката во мрежата, но со претодно високо кренато знаменце, што укажуваше на офсајд.

Реал можеше да се приближи чекор до победата во 52. минута откако топката која се одби од реаловиот напаѓач го погоди в рака Ерик Гарсија кој беше во пад. Судијата Сото Градо долго време ги анализираше видео снимките и конечно покажа на белата точка. Мбапе шутираше, но Шчесни одлично одбрани.

Само минута подоцна, гостите можеа да израмнат, имаа контранапад три на два, но Фермин Лопез беше себичен, наместо да асистира, реши да шутира, и тоа беше многу лошо. Реал повторно ја затресе мрежата во 68. минута, стрелец повторно беше Белингам, но голот беше поништен поради офсајд позиција долго пред реализицијата на англискиот репрезентативец.

Во последните моменти од натпреварот, ритамот падна, Барселона се обиде но не успеа посериозно да го загрози домашниот гол иако имаше неколку изгледни ситуации. Крајот на натпреварот беше обележан со натрупување играчи по клупата, а подоцна и на теренот, што ја принуди полицијата да „вмеша“ за да ги смири страстите.

Секако ќе има многу дискусии за реакцијата на Винисиус во 73. минута. Бразилскиот напаѓач, јасно и гласно го искажа својот бес кога Чаби Алонсо го замени. Тој мавташе со рацете и луто истрча кон соблекувалната. Откако се смири, се врати во купот, а по завршување на мечот се обиде лутината да ја истори врз противничките играчи.

Реал сега е лидер на табелата со 27 бода, Барселона има 22, а Виљареал е трет со 20 бода.

globe

Слични новости

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0