Со изведбата на современиот македонски мјузикл „Као какао“, работен по текст и драматургија на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски, вечерва на „Долни Сарај“ свечено ќе биде затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.

„Као какао“ е мелодрамска љубовна приказна сместена во 70-тите години на минатиот век, која преку љубовта, амбицијата и стремежот кон слобода ја следи генерацијата соочена со притисоците, стереотипите и ограничувањата на времето во кое живее.

Музиката на Влатко Стефановски е централен двигател на мјузиклот, кој обединува голем актерски ансамбл и сценски израз исполнет со љубов, бунт и стремеж кон остварување на сопствените соништа.

66-тото издание на „Охридско лето“ во текот на 40 фестивалски дена понуди разновидна програма со вкупно 48 настани, во кои учествуваа повеќе од 700 уметници од 24 земји од Европа и светот.

Слични новости

Евтаназијата легализирана во цела Австралија

Евтаназијата легализирана во цела Австралија

Според усвоените одредби, барање може да поднесат полнолетни лица заболени од неизлечива болест, за која се проценува дека ќе доведе до смрт во рок од најмногу 12 месеци. Исполнетоста на барањето мора да го потврдат двајца независни лекари.

„Мета“ се согласи на судска спогодба, ќе плати и над 16 милијарди долари

„Мета“ се согласи на судска спогодба, ќе плати и над 16 милијарди долари

Американската компанија Мета, во чија сопственост се мрежите Фејсбук и Инстаграм, се согласи да плати максимум 16,68 милијарди долари и да воведе значајни промени на своите платформи за да го заврши спорот со 29 американски држави кои ја обвинија дека ги дизајнирала социјалните мрежи да создадат зависност кај децата.