Со изведбата на современиот македонски мјузикл „Као какао“, работен по текст и драматургија на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски, вечерва на „Долни Сарај“ свечено ќе биде затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.

„Као какао“ е мелодрамска љубовна приказна сместена во 70-тите години на минатиот век, која преку љубовта, амбицијата и стремежот кон слобода ја следи генерацијата соочена со притисоците, стереотипите и ограничувањата на времето во кое живее.

Музиката на Влатко Стефановски е централен двигател на мјузиклот, кој обединува голем актерски ансамбл и сценски израз исполнет со љубов, бунт и стремеж кон остварување на сопствените соништа.

66-тото издание на „Охридско лето“ во текот на 40 фестивалски дена понуди разновидна програма со вкупно 48 настани, во кои учествуваа повеќе од 700 уметници од 24 земји од Европа и светот.

Слични новости

Продуцентите имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд

Продуцентите имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд

Британскиот актер Гери Олдман изјави дека продуцентите веќе имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд и дека тој се надева оти тоа ќе биде Џек Лауден, неговиот партнер во шпионската серија „Бавни коњи“