Бугарија ќе дозволи американските воени авиони да останат на нејзина територија, како членка на НАТО до крајот на јуни, иако САД сеуште не одговорија на барањето за безвизен режим за бугарските граѓани, изјави премиерот Румен Радев.

Тој рече дека разбира колку се сложени административните процедури, но дека Бугарија има сопствени приоритети и дека не може да прифати долготрајно присуство на американските воени авиони и цистерни на аеродромот во Софија.

Радев потсети дека претходно овој месец разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и побарал укинување на визниот режим за бугарските државјани, но досега не добил позитивен одговор.

Американските воени авиони се стационирани во Софија врз основа на договорот кој трае до крајот на мај, а бугарската влада ќе усвои одлука за продолжување на нивниот престој до крајот на јуни, за да им се остави време на САД да го преиспитаат својот став.

Бугарија е една од малубројните земји во ЕУ за чии граѓани САД бараат визи. Во последните години Бугарија во повеќе наврати го отвараше ова прашање со Вашингтон.   

Слични новости

Арагчи во Москва на средба со Путин

Арагчи во Москва на средба со Путин

Иранската државна новинска агенција ИРНА соопшти дека министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, слета во Санкт Петербург пред средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

САД подготвуваат казни во НАТО поради Иран

САД подготвуваат казни во НАТО поради Иран

Меѓу предложените мерки се спомнува и можна суспензија на Шпанија во НАТО, како и ограничување на пристапот на „проблематичните земји“ до важни позиции внатре во Алијансата.