Бугарија ќе дозволи американските воени авиони да останат на нејзина територија, како членка на НАТО до крајот на јуни, иако САД сеуште не одговорија на барањето за безвизен режим за бугарските граѓани, изјави премиерот Румен Радев.
Тој рече дека разбира колку се сложени административните процедури, но дека Бугарија има сопствени приоритети и дека не може да прифати долготрајно присуство на американските воени авиони и цистерни на аеродромот во Софија.
Радев потсети дека претходно овој месец разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и побарал укинување на визниот режим за бугарските државјани, но досега не добил позитивен одговор.
Американските воени авиони се стационирани во Софија врз основа на договорот кој трае до крајот на мај, а бугарската влада ќе усвои одлука за продолжување на нивниот престој до крајот на јуни, за да им се остави време на САД да го преиспитаат својот став.
Бугарија е една од малубројните земји во ЕУ за чии граѓани САД бараат визи. Во последните години Бугарија во повеќе наврати го отвараше ова прашање со Вашингтон.
Слични новости
Руте: НАТО нема да дозволи Балканот да се дестабилизира
НАТО нема да дозволи Балканот да се дестабилизира, порача генералниот секретар Марк Руте од Подгорица, предупредувајќи дека во регионот постојат актери што се обидуваат да создадат нестабилност
СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок
Според најновите проценки на Светската здравствена организација, опасноста од хантавирус за европската јавност е ниска, изјави денеска портпаролот на Европската комисија.
Трамп: Прекинот на огнот во Иран се одржува на апарати
На новинарско прашање дали прекинот на огнот е сè уште на сила, Tрамп од овалната соба рече дека е „неверојатно слаб“ и се одржува на апарати. Иранскиот одговор на предлогот на САД го нарече „ѓубре“ кое што не го дочитал до крај.


