Министри од шесте земји од Западниот Балкан и претставници на Европската комисија денеска ќе одржат состанок во онлајн формат посветен на предизвиците со кои се соочуваат превозниците од регионот при патување и престој во Шенген зоната.
На состанокот ќе присуствуваат министри за внатрешни работи, за транспорт и за европски прашања од земјите од Западниот Балкан и претставници на генералните директорати на Европската комисија за проширување и источно партнерство за мобилност и транспорт и за миграција и внатрешни работи.
Прашањето за предизвиците на превозниците беше актуализирано со минатонеделната блокада на граничните премини кон Шенген зоната од страна на камионџиите во регионот, по што во средата се одржа средба меѓу претставници на Комисијата и амбасадорите на шесте земји од Западен Балкан во ЕУ.
Слични новости
Бислимоски поднесе оставка од претседателската функција на РКЕ
Бислимоски во оставката не ги навел причините за повлекувањето. Неодамна Управата за финансиска полиција му поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување
Синоќешниот земјотрес не треба да вознемирува укажуваат експерти
Синоќешниот земјотрес од 4,6 степени според Рихтеровата скала со епицентар во Косово, кој беше почувствуван во Тетово и Скопје не треба да вознемирува, бидејќи причината за тоа е што расте Шар планина
ССМ утре ќе ја блокира улицата пред Стопанската комора
Сојузот на синдикати утре ќе ги блокира приодите кон Стопанската комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис конфедерацијата. Блокадата ќе почне на раскрсницата пред Стопанската комора во 12 часот.
