Министри од шесте земји од Западниот Балкан и претставници на Европската комисија денеска ќе одржат состанок во онлајн формат посветен на предизвиците со кои се соочуваат превозниците од регионот при патување и престој во Шенген зоната.

На состанокот ќе присуствуваат министри за внатрешни работи, за транспорт и за европски прашања од земјите од Западниот Балкан и претставници на генералните директорати на Европската комисија за проширување и источно партнерство  за мобилност и транспорт  и за миграција и внатрешни работи.

Прашањето за предизвиците на превозниците беше актуализирано со минатонеделната блокада на граничните премини кон Шенген зоната од страна на камионџиите во регионот, по што во средата се одржа средба меѓу претставници на Комисијата и амбасадорите на шесте земји од Западен Балкан во ЕУ.

 

 

Слични новости

Бројот на заболени од грип се намалува

Бројот на заболени од грип се намалува

Минатата недела, од 16 до 22 февруари, во Македонија се регистрирани 1.113 случаи на грип и слични респираторни заболувања, што претставува намалување од 3,2 отсто во споредба со претходната недела, објави Институтот за јавно здравје.

Одложен состанокот за камионџиите во Брисел

Одложен состанокот за камионџиите во Брисел

Одложен е состанокот во Брисел на кој камионџиите во регионот и ЕК требаше да изнајдат начин за решавање на проблемите на професионалните возачи, откако стапија во сила новите правила за престој во Шенген зоната.