Министри од шесте земји од Западниот Балкан и претставници на Европската комисија денеска ќе одржат состанок во онлајн формат посветен на предизвиците со кои се соочуваат превозниците од регионот при патување и престој во Шенген зоната.
На состанокот ќе присуствуваат министри за внатрешни работи, за транспорт и за европски прашања од земјите од Западниот Балкан и претставници на генералните директорати на Европската комисија за проширување и источно партнерство за мобилност и транспорт и за миграција и внатрешни работи.
Прашањето за предизвиците на превозниците беше актуализирано со минатонеделната блокада на граничните премини кон Шенген зоната од страна на камионџиите во регионот, по што во средата се одржа средба меѓу претставници на Комисијата и амбасадорите на шесте земји од Западен Балкан во ЕУ.
Слични новости
Порасна бројот на Mакедонци кои бараат евакуација од Блискиот исток
Најголем интерес има од граѓаните што се наоѓаат во Абу Даби, каде што 447 лица се пријавиле за враќање со чартер-летови.
СДСМ бара оставка од Панче Тошковски за трагедијата во Карпош
Од СДСМ велат дека непочитувањето на законските одредби за гонење на семејно насилство по службена должност, и недостатокот на навремена реакција доведоа до трагична смрт на мајка и дете.
Евакуациски авион слета во Србија со 67 луѓе кои бегаат од Израел, меѓу нив и Македонци
Авион за евакуација на „Ер Србија“ со 67 патници, меѓу кои и македонски граѓани слетал синоќа во Белград од Шарм ел Шеик, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија


