Министри од шесте земји од Западниот Балкан и претставници на Европската комисија денеска ќе одржат состанок во онлајн формат посветен на предизвиците со кои се соочуваат превозниците од регионот при патување и престој во Шенген зоната.
На состанокот ќе присуствуваат министри за внатрешни работи, за транспорт и за европски прашања од земјите од Западниот Балкан и претставници на генералните директорати на Европската комисија за проширување и источно партнерство за мобилност и транспорт и за миграција и внатрешни работи.
Прашањето за предизвиците на превозниците беше актуализирано со минатонеделната блокада на граничните премини кон Шенген зоната од страна на камионџиите во регионот, по што во средата се одржа средба меѓу претставници на Комисијата и амбасадорите на шесте земји од Западен Балкан во ЕУ.
Слични новости
Одуката за прогласување на кризна состојба е објавена во „Службен весник“
Одлуката беше донесена на вчерашната вонредна владина седница, а поради „можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на целата држава“.
СДСМ бара детална истрага за случајот во кој е уапсен директорот на Инспекторатот за земјоделство
Не може да има толку многу корупција во пониските ешалони, а оние од врвот на министерството и во најкорумпираната влада на Мицкоски да не знаеле, соопшти денеска СДСМ
Уапсениот Анакиев барал 100 000 евра поткуп, а примил 50 000 како прва рата
Со цел увозот да се изврши непречено, на оштетеното лице му биле побарани 100.000 евра, кои требало да ги предаде во три наврати и тоа во еден наврат износ од 50.000 евра и во два наврати по 25.000 евра.


