Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител за Мустафа Хајрулахи, поранешен шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, по негово сопствено барање.

Хајрулахи беше суспендиран откако Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и едно за „злоупотреба на службената положба и овластување“, базирано на наводи дека во периодот од септември 2023 до октомври 2024 година, тој користел хиерархиска надреденост за континуирано психичко насилство и закани врз пет вработени жени, при што наводно им се заканувал дека „ќе ги дигнел на клоци“ или „ќе ги фрлел од 6-ти кат“ и се обидувал да ги принуди да потпишат изјави дека биле изманипулирани.

 

Хајрулахи категорично ги отфрли сите обвинувања, тврдејќи дека случајот е тенденциозен и политички монтиран со цел негово отстранување, поврзувајќи ја постапката со неговото постапување во врска со бонусите на СЈО.

На денешната седница Советот, меѓу другото, треба да се расправа и за одлука за избор на нов Претседател на Советот и формирање на Комисија за спроведување на стратегијата за комуникација и транспарентност за периодот 2025-2028 година.

globe

Слични новости

Стартува расправата за буџетот

Стартува расправата за буџетот

Пратениците ќе дебатираат за најголемиот досега буџета тежок 6, 7 милијарди евра. Со планиран раст на економијата од 3,8 проценти и дефицит од 3,5 проценти од БДП.

Сообраќајот на граничниот премин Богородица конечно нормализиран

Сообраќајот на граничниот премин Богородица конечно нормализиран

Сообраќајот на граничниот премин Богородица ( Евзони ) е целосно нормализиран од 21 часот, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Претходно, овој премин беше во целосна блокада, и за влез и за излез од земјава, поради штрајк на земјоделците во Грција.