Избор на вкупно 47 обвинители во 18 јавни обвинителства е на дневeн ред за 20-та седница на Советот на јавните обвинители  што ќе се одржи утре во 10:30 часот. Најмногу, односно 14 јавни обвинители, треба да се изберат во Основното јавно обвинителство Скопје.

Во Основните јавни обвинителства во Велес, во Делчево, во Кочани, во Крива Паланка, во Радовиш, во Ресен и во Струга ќе се избира по еден јавен обвинител. По двајца јавни обвинители ќе се избираат во Основните јавни обвинителства во Битола, во Гевгелија, во Гостивар, во Кичево и во Струмица.

Во Основните јавни обвинителства во Куманово, во Охрид, во Прилеп и во Штип ќе се избираат по тројца јавни обвинители.

За Основното јавно обвинителство Тетово треба да бидат избрани четворица обвинители.

 

Слични новости

Притвор за Капушевски и уште две лица, а за Јаховски куќен притвор

Притвор за Капушевски и уште две лица, а за Јаховски куќен притвор

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки притвор и мерки за обезбедување присуство против 13 лица, поврзани со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, а кои дел беа спроведени во судот во вторникот попладнето донел решенија