Делегација од 15 члена на Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа ќе ги набљудува локалните избори во Македонија на 19 октомври. Мисијата ќе ја предводи Ирец, а седум тима ќе бидат распоредени на различни гласачки места низ државата.
Во рамки на набљудувачката мисија, делегацијата ќе одржи средби со претставници на ДИК, политички партии, медиуми, невладини организации, како и со меѓународни партнери.
Предвидени се и заеднички состаноци со тимот на ОБСЕ/ОДИХР. Прелиминарните заклучоци од мисијата ќе бидат презентирани на заедничка прес-конференција со ОБСЕ/ОДИХР и Европскиот парламент на 20 октомври.
Слични новости
АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило
Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило
До 40 минути се чека на Табановце и на Дојран
. На „Дојран“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на излез од државата на „Табановце“ возачите чекаат до 40 минути
Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ 2025
Во Собранието денеска во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година


