Советот за безбедност на Обединетите Нации гласаше за резолуција поднесена од САД со која се бара прекин на војната во Украина без да се спомене руската агресија. При гласањето десет членови гласаа „за“. Наспроти ова, сите пет европски земји во Советот беа воздржани: Велика Британија, Франција, Словенија, Данска и Грција.

Британија и Франција имаат право на вето, но не го искористија, а последен пат имаат ставено вето во 1989.

Резолуциите во Советот за безбедност на ОН се обврзувачки според меѓународното право. Усвоената резолуција со наслов „Пато до мирот“  не ја именува Москва како агресор во војната, ниту пак повикува на руско повлекување, туку само повикува на крај на војната.

Само неколку часа претходно, на третата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина, Генералното собрание на ОН гласаше за резолуција со која се повикува на итно повлекување на руските сили. За оваа резолуција гласаа 93 земји, што е значајно помалку од претходните резолуции за Украина на Генералното собрание на ОН, каде што Украина имаше поддршка од над 140 земји.  

 

Слични новости

Венс: Би бил шокиран доколку Трамп сака нуклеарно оружје подалеку на истокот на Европа

Венс: Би бил шокиран доколку Трамп сака нуклеарно оружје подалеку на истокот на Европа

Американскиот потпретседател ЏејДи Венс изјави во четвртокот дека би бил шокиран доколку претседателот Доналд Трамп би сакал нуклеарното оружје на САД да биде преместено понатаму на истокот во Европа кон границите на Русија.

Трамп и натаму „верува“ дека САД ќе го анектираат Гренланд

Трамп и натаму „верува“ дека САД ќе го анектираат Гренланд

Претседателот Доналд Трамп во четвртокот го повтори своето верување дека Соединетите држави ќе го анектираат Гренланд, уверувајќи го генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека тоа е прашање на меѓународна безбедност