Советот за безбедност на Обединетите Нации гласаше за резолуција поднесена од САД со која се бара прекин на војната во Украина без да се спомене руската агресија. При гласањето десет членови гласаа „за“. Наспроти ова, сите пет европски земји во Советот беа воздржани: Велика Британија, Франција, Словенија, Данска и Грција.

Британија и Франција имаат право на вето, но не го искористија, а последен пат имаат ставено вето во 1989.
Резолуциите во Советот за безбедност на ОН се обврзувачки според меѓународното право. Усвоената резолуција со наслов „Пато до мирот“ не ја именува Москва како агресор во војната, ниту пак повикува на руско повлекување, туку само повикува на крај на војната.
Само неколку часа претходно, на третата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина, Генералното собрание на ОН гласаше за резолуција со која се повикува на итно повлекување на руските сили. За оваа резолуција гласаа 93 земји, што е значајно помалку од претходните резолуции за Украина на Генералното собрание на ОН, каде што Украина имаше поддршка од над 140 земји.
Слични новости
Дуда апелира САД да разместат нуклеарно оружје во Полска
Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика Соединетите држави да го пренесат свото нуклеарно оружје во источна Европа
Хамас го поздравува ретерирањето на Трамп од предлогот за раселување во Газа
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем, во средата го поздрави очигледното повлекување на американскиот претседател Доналд Трамп од предлогот за трајно раселување на Палестинците од Газа
Русија има барања за разговорите со САД околу Украина
Не е јасно што точно ставила Москва на својата листа или дали е подготвена да се вклучи во мировни преговори со Киев пред да ги прифати барањата