Мирјана Стеваноска, советничка на ЗНАМ во Советот на Општина Прилеп денеска соопшти дека ја напушта владејачката коалиција.
Taa најави дека ќе дејствува независно, а за одлуката кажа дека ја донела „водејќи се од најдобриот интерес на граѓаните на Прилеп“. Стевановска беше носител на советничката листа на ЗНАМ на последните локални избори.
Пред советниците рече дека довербата од граѓаните, е обврска која што не смее да биде изневерена и дека не прифаќа да биде декор во нечиј политички театар.
Минатата недела и пратеникот на ЗНАМ Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ
Слични новости
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска во посета на Македонија
Генералниот секретар на НАТО ќе има средба со премиерот Христијан Мицкоски, како и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, по што ќе се обрати пред пратениците во законодавниот дом.
Месец Март ќе донесе рана пролет во Македонија
Мартската прогноза за Македонија најавува порано чувство на пролет, со температури над просекот, повеќе сончеви периоди и претежно постабилно време
СДСМ продолжува да ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за местенка со Артан Груби
Од СДСМ обвинуваат дека случајот со враќањето на Артан Груби е дел од „однапред смислено сценарио и политички дил“ на ВМРО-ДПМНЕ.