Мирјана Стеваноска, советничка на ЗНАМ во Советот на Општина Прилеп денеска соопшти дека ја напушта владејачката коалиција.

Taa најави дека ќе дејствува независно, а за одлуката кажа дека ја донела „водејќи се од најдобриот интерес на граѓаните на Прилеп“. Стевановска беше носител на советничката листа на ЗНАМ на последните локални избори.

Пред советниците рече дека довербата од граѓаните, е обврска која што не смее да биде изневерена и дека не прифаќа да биде декор во нечиј политички театар.

Минатата недела и пратеникот на ЗНАМ Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ

 

Слични новости

Од недела сончево и потопло време

Од недела сончево и потопло време

На почетокот на новата работна недела ќе продолжи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури ќе бидат од -1 до 7 степени, додека дневните ќе се движат од 16 до 24 степени.