Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за здравство со единствена точка на дневниот ред Предлог – одлука за одржување Надзорна расправа на тема: „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“.

Претходно завчера таква расправа организираше Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на која Татјана Чакулев од „О2 иницијатива“ се осврна на негативните ефекти од аерозагадувањето врз животот и здравјето на луѓето и нагласи дека нашата држава е на самиот врв во Европа.

Од О2 иницијативата соопштија податок дека во 2022 година, како последица од енормно загадениот воздух, 3600 луѓе починале предвреме што е 16 отсто од вкупниот број починати во таа година.

Како извори на загадување, Чакулев ги посочи горивата, загревањето, согорувањето, индустријата… Притоа рече дека „заблуда кај нас е дека домаќинствата што се загреваат на дрва не загадуваат“.

На пратеничко прашање дали увозот на стари возила значително придонесува во аерозагадувањето, одговори дека не е проблем само увозот, туку „проблем имаме и со нашиот опасен отпад кој се создава во земјава“.

 

Слични новости

Судење Палевски:  Манев сведочеше дека планот бил во дупката да се чуваат грабнатите додека не се исплатат пари

Судење Палевски:  Манев сведочеше дека планот бил во дупката да се чуваат грабнатите додека не се исплатат пари

Второобвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Велибор Манев во средата пред судот изјави дека Љупчо Палевски Палчо бил организатор на грабнувањето на Жежовски и дека го убил пукајќи му во слепоочница