Собранието на Република Македонија денеска треба да одлучува за продолжување на кризната состојба поврзана со снабдувањето со нафта и нафтени деривати, која би важела до 20 јули годинава. Предлог-одлуката е на дневен ред и на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, а мерката би започнала да се применува од 21 април.

Кризната состојба беше воведена поради ризици од нарушување на снабдувањето со горива, во услови на тензии на Блискиот Исток.

Владата претходно донесе мерки за намалување на ДДВ за горивата и користење на државните резерви, со цел стабилизирање на пазарот и обезбедување континуирано снабдување.

 

Слични новости

Македонија на зимските олимписки игри со четворица претставници

Вечерва во Италија официјално ќе бидат отворени 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026. Главната церемонија на свеченото отворање ќе почне вечерва во 20 часот на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано.