Собранието ќе ја одржи 98. седница на која e предлогoт за законските измени на Законот за Владата на Република Македонија, по скратена постапка, со кои се создаваат услови за елиминирање на објективните причини поради кои беше воспоставен моделот на преодна, односно техничката влада.
Предложеното законско решение, со одложната примена, како што се вели во образложението од предлагачот – Владата, има за цел да обезбеди стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот интерес на граѓаните преку целосно и доследно заокружување на започнатите реформи.
Со овој предлог закон се воспоставува јасна и применлива правна рамка која ќе ги гарантира фер и транспарентните избори преку институциите основани со Уставот и законите и ќе ги елиминира привремените решенија воспоставени со политички договори во минатото – се вели во образложението на предлог законот.
Слични новости
ВМРО ДПМНЕ : СДСМ се занимава со изборите во Унгарија наместо со домашна политика
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека СДС и лидерот Венко Филипче се занимаваат со, како што велат, изборните резултати во Унгарија, наместо со внатрешните политички и партиски предизвици во Македонија.
Мицкоски изјави дека има чувство дека ќе бидат гонети поранешни премиери на СДСМ и нивни блиски роднини
Имам чувство, не велам дека имам информација, имам чувство, изјави Мицкоски
Студенти и граѓани кои работеле во странство протестираа пред УЈП
Пред седиштето на УЈП се одржа протест на студенти и други граѓани кои работеле во странство, а на кои им стигнало писмо од УЈП дека треба да платат данок.


