Со 62 гласа „против“ и 21 „за“ пратениците не ја изгласаа интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Интерпелацијата беше поднесена од пратениците на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, кои обвинија за лоши резултати во земјоделството, намалени субвенции, неисполнети ветувања и незадоволство кај земјоделците.
Во своето обраќање, Трипуновски ги отфрли обвинувањата како неосновани и истакна дека Владата наследила презадолжен и запоставен сектор.
Слични новости
Послабо тргување, пониски приходи – добивката на Македонска берза падна за 42 отсто
Падот забележан во главниот извор на приливите од берзанските активности се одразил врз приходите кои изнесуваат 1,09 милиони евра и врз профитабилноста – добивката се намалила за 42,45 отсто.
Апелација го забрани штрајкот на контролорите на летање
Апелациониот суд во Скопје го забрани штрајкот на Струковиот синдикат на контролорите на летање. Адвокатот на М-НАВ вели дека и досегашните штрајкови на синдикатот на контролори на летање биле незаконски.
Мицкоски: Треба да стиснеме заби и сами да го изградиме Чебрен
Стратешки важната хирдоцентрала Владата ќе се обиде да ја гради сама без странски инвеститор. Цената е околу 1, 5 милијарди евра со камати – пари кои би се барале од меѓународните финансиски институции.


