Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интеврјуа со пријавените кандидати по одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата. Станува збор за повторен оглас, откако Комисијата одлучи по спроведените интервјуа по првиот оглас да не предложи нов член на ДКСК.
На огласот пријавени се петмина кандидати Милка Муратовска, Тања Левајковиќ, Владимир Клековски, Марија Катралова Китанов и Катерина Зајковска.
На повторениот оглас пак се пријавени Владимир Клековски, Милка Муратовска и Марија Катралова Китанов.
По извршените интервјуа Комисијата треба да предложи кандидат за нов член на ДКСК до Собранието.
Слични новости
Вработените во Македонски пошти на протест
Празните сметки на над илјада вработени ја запреа работата на Македонски пошти. Синдикатот што го организира протестот велат дека ова не е прво доцнење на платите, ниту, пак, ќе биде последно доколку во најкраток можен рок не им бидат исплатени заработените средства.
„Safe City“ доби зелено светло од Собранието – Изгласани измените на Законот за прекршоци
Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за прекршоци, со кои се овозможува целосно воведување на системот „Safe City“. „За“ гласаше 81 пратеник, додека 19 гласаа „Против“.

