Собраниската Комисија  за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интеврјуа со пријавените кандидати по одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата. Станува збор за повторен оглас, откако Комисијата одлучи по спроведените интервјуа по првиот оглас да не предложи нов член на ДКСК.

На огласот пријавени се петмина кандидати Милка Муратовска, Тања Левајковиќ, Владимир Клековски, Марија Катралова Китанов и Катерина Зајковска.

На повторениот оглас пак се пријавени Владимир Клековски, Милка Муратовска и Марија Катралова Китанов.

По извршените интервјуа Комисијата треба да предложи кандидат за нов член на ДКСК до Собранието.

 

Слични новости

ВМРО и СДСМ меѓусебно се обвинуваат за аферата со шверцот на 5 тони марихуана

СДСМ соопшти дека одговорноста за нарко скандалот со пет тони дрога и за запленетата марихуана е во врвот на власта. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека нема скандал, ниту криминал, а во тоа да не се вмешани Заев и Филипче.