Собранието на Македонија ќе расправа за законските измени со кои се предвидува укинување на техничката влада. Предлогот, кој го образложи заменик-министерот за јавна администрација Лазе Јаќимоски, има цел да ја замени постојната преодна влада со постабилен и појасен институционален модел.

Според образложението, техничката влада била воведена како привремено решение во 2015 година за надминување на политичка криза и за обезбедување фер изборни процеси, првпат применета на изборите во 2016 година.

Со новите измени се предлага таа да остане само до објавување на конечните изборни резултати, по што би се укинала како модел.

Покрај ова, пратениците расправаат и за други законски измени, меѓу кои и услов пратениците да имаат само едно државјанство.

 

Слични новости

Со владиниот авион ќе се враќаат македонските државјани од Израел

Со владиниот авион ќе се враќаат македонските државјани од Израел

Лицата кои изразија подготвеност за евакуација од Израел се очекува во попладневните часови со владиниот авион да полетаат кон Скопје. Со тоа целосно ќе се заокружи процесот на враќање на сите граѓани кои побараа извлекување од Израел, соопшти МНР.