Предлог-законот за измена и дополнување на законот за влада, поднесен од СДСМ кој се предвидуваше членовите на кабинетот на премиерот да имаат исклучиво македонско државјанство, не помина во собранието.

Според опозициската партија, „уште еднаш се потврдило дека ВМРО-ДПМНЕ е партија полна со функционери со бугарски пасоши“.

„Со оглед на тоа што таков услов се поставува и во законот за пратеници, односно пратениците во македонското Собрание може да бидат исклучиво државјани на Република Северна Македонија, тогаш сходно на тоа, треба да имаме едно вакво законско решение со кое практично ќе ограничиме исклучиво и единстено само државјани на Република Северна Македонија да можат да бидат избрани за членови на владата“, рече Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ, образложувајќи го предлог законот.

 

Слични новости

Македонија потпиша Рамковната конвенција за вештачка интелигенција

Македонија потпиша Рамковната конвенција за вештачка интелигенција

Македонија ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција, првиот меѓународен обврзувачки документ кој воспоставува принципи и стандарди за безбедна, етичка и одговорна примена на вештачката интелигенција.