Предлог-законот за измена и дополнување на законот за влада, поднесен од СДСМ кој се предвидуваше членовите на кабинетот на премиерот да имаат исклучиво македонско државјанство, не помина во собранието.
Според опозициската партија, „уште еднаш се потврдило дека ВМРО-ДПМНЕ е партија полна со функционери со бугарски пасоши“.
„Со оглед на тоа што таков услов се поставува и во законот за пратеници, односно пратениците во македонското Собрание може да бидат исклучиво државјани на Република Северна Македонија, тогаш сходно на тоа, треба да имаме едно вакво законско решение со кое практично ќе ограничиме исклучиво и единстено само државјани на Република Северна Македонија да можат да бидат избрани за членови на владата“, рече Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ, образложувајќи го предлог законот.
Слични новости
Продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“
Судењето е во доказната постапка со сослушување сведоци на предлог на Обвинителството, кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.
Мицкоски со повик до дијаспората да инвестира во Македонија
Мицкоски, како што објави на својот Фејсбук профил, на средбите повикал „да размислат за враќање, за инвестирање и за активно вклучување во развојот на државата“
Филипче: СДСМ 35 години ja носи одговорноста за иднината на државата
Во своето обраќање, претседателот Филипче подвлече дека денес СДСМ повторно стои пред голема историска и политичка задача – да ја врати надежта, правдата и европската перспектива на државата.


