Собранието попладнево во рамки на 40. седница изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска и Селим Адеми, а претходно и на Весна Дамева.

Собранието гласа поединечни заклучоци според кои тие имале значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и придонеле за падот на довербата на граѓаните кон судството. Воедно, се наведува дека ја занемариле и не ја извршувале својата функција во работата на Советот, а поради изгласаната недоверба, го губат легитимитетот да учествуваат и одлучуваат во работата на Судскиот совет.

Павлина Црвенковска достави писмен одговор на интерпелацијата, но не ја образложи пред пратениците.

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ зборуваше во името на предлагачите, нагласувајќи дека Судскиот совет станал полигон за партиски инсталации и алатка за заштита на криминалот на СДСМ и ДУИ.

„Нашата држава, нашите институции и пред сè нашите граѓани заслужуваат правосуден систем што ќе биде симбол на правдата, транспарентноста и владеењето на правото. Судскиот систем мора да функционира како независен столб на демократијата, ослободен од политички, економски и какви било други влијанија што би можеле да ја компромитираат неговата основна мисија заштита на правата на граѓаните и обезбедување правична и ефикасна правда. Наместо да биде инструмент во рацете на моќниците, судството мора да биде гарант на правниот поредок и силен браник против злоупотребите и корупцијата“, рече Ковачки.

Според него, сведоци сме на долгогодишни системски слабости, судски скандали и институционални неправилности кои сериозно ја поткопуваат довербата на граѓаните во правосудниот систем.

„Наместо да се гради правна држава во која сите се еднакви пред законите се почесто гледаме дека одредени структури уживаат заштита од одговорност додека обичниот граѓанин се соочува со бавни, неефикасни и често неправедни судски процеси“, рече Ковачки.

За Црвенковска рече дека во минатото била шеф на кабинетот на поранешниот премиер Владо Бучковски и дека таа била „длабоко вкоренета во партиските структури“.

„Ова значи дека нејзиното дејствување во Судски совет не е резултат на стручност или независност, туку на политички договори и долгогодишни релации со партијата што ја поставила на одговорна позиција“, рече тој.

Во тек е расправа за интерпелацијата на членот на Судскиот совет Тања Чачарова-Илиевска, а потоа ќе се расправа и за интерпелацијата поднесена за Миљазим Мустафа.

На седницата не присуствуваат пратениците од опозициската СДСМ кои протестно ја напуштина собаниската сала.

globe

Слични новости

Притвор за Капушевски и уште две лица, а за Јаховски куќен притвор

Притвор за Капушевски и уште две лица, а за Јаховски куќен притвор

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки притвор и мерки за обезбедување присуство против 13 лица, поврзани со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, а кои дел беа спроведени во судот во вторникот попладнето донел решенија

Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева

Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева

Со 77 гласа Собранието во вторникот изгласа недоверба на Весна Дамева, член на Судски Совет. Според заклучокот, Дамева имала значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и судиите и придонела за падот на довербта на граѓаните кон судствот