Собранието во рамки на попладневниот дел од 22-та седница со 69 гласа „за“ и 5 „против“ го донесе Буџетот за 2025 година во кој вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиони денари, односно на 4 проценти од БДП, а планираниот раст на економијата е 3,7 проценти.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето посочи дека Буџетот се базира на реални макроекономски претпоставки и фискални проекции, обезбедува непречено функционирање на институциите и државата, редовно сервисирање на обврските и има развојна компоненета преку поттикнување на реализација на значаен инвестициски циклус.

Едногласно со 74 гласа „за“, Собранието ја донесе и одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите.

Предложената одлука, како што истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски е за финансирање на обврските на буџетските корисници кои беа наследени од претходната власт, а средствата ќе бидат земени од ставките кои е јасно дека нема да бидат реализирани до крајот на годинава.

Со предложената одлука, посочи, се врши реалокација на 9,3 милијарди денари од кои 2,2 милијарди се даваат на Фондот за пензиско осигурување, 1,9 милијарди за Министерството за социјална политика, демографија и млади, 1,2 милијарди денари во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој, 1,16 милијарди денари за трансфери кон Фондот за здравствено осигурување, 873 милиони денари во МВР за реализација на проектот на Сејф сити и други потреби, 656 милиони денари во Влада за финансиска поддршка на компаниите, 543 милиони денари во МОН за студентски и ученички стандард, 267 милиони денари за Министерството за дигитална трансформација….

… , 203 милиони денари Министерство за култура, 168 милиони денари за Министерството за транспорт, 130 милиони денари во Министерството за здравство за лекови за пациенти со ретки болести, 94 милиони денари на Управата за извршување на санкции, 50 милиони денари за АХВ, 35 милиони за МЖСПП….

„Целта на предложената одлука е намалување на обврските на буџетските корисници и подобро управување со јавните финансии, рече Јанкулоски.

globe

Слични новости

Европските берзи драстично паѓаат по пораките на Fed

Европските берзи драстично паѓаат по пораките на Fed

Европските акции остро паднаа во четвртокот претпладнето, како и Волстрит претходниот ден, бидејќи американската централна банка соопшти дека планира да го забави темпото на олабавување на монетарната политика

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

На валутните пазари во четвртокот во претпладневното тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути силно порасна по пораките на американската централна банка и се приближи до највисокото ниво во последните две години

Волстрит нагло падна по пораката на Fed

Волстрит нагло падна по пораката на Fed

На Волстртит цените на акциите нагло паднаа во средата, при што индексот Dow Jones се лизна десетти ден со ред, откако челниците на американската централна банка порачаа дека треба да биде забавено темпото на намалување на каматните стапки