Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, објави Министерството за финансии, а со кои меѓудругото, предвидени се двојно повисоки прагови за набавки без тендер.
Со новите решенија, државните институции, општините и другите договорни органи ќе можат да набавуваат стоки и услуги во вредност до 2.000 евра, наместо досегашните 1.000 евра, без спроведување на тендерска постапка.
Значително се зголемува и прагот за градежни работи, од сегашните 5.000 на 10.000 евра.
Ова практично значи дека институциите ќе добијат можност да трошат повеќе јавни пари преку директни набавки, без обврска да ги спроведуваат вообичаените тендерски постапки.
Слични новости
Истекува мерката намалено ДДВ за дизелот – се чека Регулаторна да ги објави новите цени на горивата
Мерката со која ДДВ за дизел-горивото беше намалено од 18 на 10 проценти истекува денеска. Намалената стапка се применува од 15 септември, а Владата треба да одлучи дали истата ќе биде продолжена и во следните две недели.
Откриена нелегaлна плантажа на канабис во струмичко, двајца се уапсени
Две лица од Ново Село на возраст од 30 и 35 години се гонат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” .
Уставниот суд повторно решава за финансирањето на државното рекламирање
Иницијативите се поднесени од Левица и партијата Демократи, а се оспоруваат членовите кои се однесуваат на распределбата на медиумскиот простор и јавните средства за платено политичко рекламирање меѓу учесниците на изборите.


