Собранието во четвртокот усвои повеќе предлози на закони за изменување и дополнување како што се измени и дополнување на Законот за работни односи, по скратена постапка, измени и дополнувања на Законот за еднакви можности на жените и мажите и измени и дополнувања на Законот за девизното работење.

Со измените на Законот за работни односи, лицата избрани или именувани од надлежен орган можат да продолжат да ја вршат својата функција и по исполнување на условите за старосна пензија, но најмногу до 67 години. Според предлагачите, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, со измените се очекува креирање на можност за брзо и времено надминување на проблемот со дефицитот на судии и јавни обвинители и консеквентно на тоа подобрување на ефикасноста на судските постапки, како и пристапот до правда за граѓаните. За опозицијата, предлогот е противуставен и спротивен на начелото на еднаквост.

Пратениците, исто така, денеска ги изгласаа и предлог измените и дополнувањата на Законот за девизното работење, Законот за регистрирање на готовински плаќања, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот за банките, Законот за финансиската инспекција во јавниот сектор и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

Измените и дополнувањата на Законот за урбанистичко планирање, Законот за поштенските услуги и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, беа изгласани по скратена постапка.

Собранието дополнително ќе се произнесе за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кои се, исто така, по скратена постапка.

Повеќе пратеници на денешната седница го искоментираа членот со кој Народниот правобранител може да се разреши ако не е во можност да ги извршува своите должност подолго од шест месеци поради болест и други оправдани причини. Според пратениците Талат Џафери, Фатмир Битиќи и Соња Мираковска, тоа е основ за дискриминација и е недзволиво. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, во реплика одговорија дека сметаат дека се манипулира со реакциите, односно дека тоа не е намерата на измените.

Собранието денеска ги усвои и даде на второ читање и Предлог на закон за изменување на Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, Предлог на закон за изменување на Законот за меѓународна и привремена заштита и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони.

По тричасовната работа, 34. Седница на Собрание на Република Северна Македонија беше прекината, а за точките кои останаа необработени заменик-претседателот на Собранието, Антониjо Милошоски, соопшти дека ќе известат дополнителнo.

globe

Слични новости

Ниту еден чекор на Владата нема да биде во насока да се влоши состојбата во медиумскиот сектор  

Ниту еден чекор на Владата нема да биде во насока да се влоши состојбата во медиумскиот сектор  

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше во вчерашната дебата на емисијата „360 степени“ на МРТ1, каде што главна тема беа Нацрт-измените на Законот за медиуми. Тој потсети дека нацртот бил објавен на системот ЕНЕР, дека имало различни коментари и дека актуелната верзија е некаква средна вредност што произлегла од нив.

Претреси на повеќе локации низ државата поради сомнителни набавки на нафтени деривати

Претреси на повеќе локации низ државата поради сомнителни набавки на нафтени деривати

На локации во Скопје и низ државата во тек е акција на Одделот за субивање на организиран криминал и корупција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Собранието ја изгласа предлог-одлуката за објавување јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на МРТ

Собранието ја изгласа предлог-одлуката за објавување јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на МРТ

Собранието денеска во рамки на 38. седница ја изгласа предлог одлуката за објавување на јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот Совет на Македонската радио телевизија, како и таа за именување на член на Државната комисија за одлучување во управна постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен