Досега во историјата на ниту еден натпревар што го отворил Светското првенство во фудбал немало три црвени картони, како што се случи на мечот на отварањето на Мундијалот меѓу домаќинот Мексико и Јужна Африка.
Бразилскиот судија Сампајо им покажа два црвени картони на фудбалерите на Јужна Африка и еден на Мексиканците, а освен тоа подели и три жолти картони, но картоните беа покажани заслужено поради навистина остри стартови на натпреварот.
Најмногу црвени картони 4 се покажани на меч од Светското првенство во 2006-та, но не самото отварање на Мундијалот. Вториот меч Јужна Кореја- Чешка мина многу мирно, со само еден жолт картон.
Слични новости
Најавено доаѓање на Алваро Арбелоа во Фулам
Доскорешниот тренер на Реал Мадрид Алваро Арбелоа е најсериозниот кандидат за тренерската позиција во Фулам, јавуваат британските медиуми.
Англија ја победи Костарика со 3:0 во генералната проба за Светското првенство, Тухел им даде шанса на сите играчи во ростерот
Фудбалерите на Англија убедливо ја победија Костарика со 3:0 во последниот подготвителен меч, пред Светското фудбалско првенство кое почнува вечерва. Англија изгледаше подготвено и упати дури 28 шутеви кон голот на противникот.
Аргентина убедлива против Исланд во генералната проба за Светското првенство
Фудбалерите на Аргентина го победија Исланд со 3:0 во последната подготвителна средба пред почетокот на Светското првенство во фудбал. За актуелните светски прваци последните 20 минути од натпреварот ги одигра и Лионел Меси и покажа дека е подготвен за Мундијалот.


