Раперот и забавувач, 54-годишниот Снуп Дог дефинитивно е именуван за почесен водач на американскиот национален тим за Зимските олимписки и параолимписки игри што ќе се одржат во Милано и Кортина д’Ампецо во февруари следната година.
Ова е првпат да се воведе почесна улога на водач, а Комитетот на Олимписките и Параолимписките игри на САД (USOPC) објави дека „Coach Snoop“ (тренерот Снуп) ќе биде дел од „тимот во заднина“ што ќе им помага на спортистите да освојат медали.
„Вистинските ѕвезди се членовите на тимот на САД, ќе бидам таму само за да навивам, да ја подигнам атмосферата и можеби да додадам малку мудрост од страна“, објави Снуп.
„Во моментот кога Снуп ги запозна спортистите, дојде до поврзаност, меѓусебно почитување, искрен интерес но и со голема доза смеа. Неговиот ентузијазам за олимпиското и параолимпиското движење е заразен и ние сме возбудени што официјално го пречекуваме во тимот“, рече извршната директорка на USOPC, Сара Хиршланд.
Снуп, исто така, поддржа голем број американски спортисти за време на минатогодишните Олимписки игри во Париз и беше дел од церемонијата на предавање на олимпиското знаме за неговиот роден град Лос Анџелес, каде што ќе се одржат Игрите во 2028 година.
„Во моментот кога пристигнав во Париз, се чувствував добредојден во семејството на USOPC. Ја почувствував енергијата, гордоста и љубовта кон спортот што го прави овој тим посебен. Начинот на кој персоналот ги крева спортистите, начинот на кој спортистите го инспирираат светот, бев воодушевен од првиот ден“, додаде Снуп.
Слични новости
Џенифер Лоренс и Џош Хачерсон повторно ќе играат во „Hunger Games“
Џенифер Лоренс и Џош Хачерсон кои играа во оригиналниот „Hunger Games“ на студиото Лајонсгејт, повторно ќе играат заедно во шестото продолжение на франшизата.
Италијанската кујна на листата на УНЕСКО
УНЕСКО во средата ја вклучи италијанската национална кујна на својата листа на нематеријално културно наследство, официјално признавајќи ја важноста на оваа кулинарска традиција што со векови се пренесува од генерација на генерација
Париз го изложи дизајнот за контроверзните витражи во Нотр Дам
Шест нови витражи што ќе ги заменат постојните во прочуената катедрала Нотр Дам беа изложени во Гранд Пале во Париз во вторникот


