Раперот и забавувач, 54-годишниот Снуп Дог дефинитивно е именуван за почесен водач на американскиот национален тим за Зимските олимписки и параолимписки игри што ќе се одржат во Милано и Кортина д’Ампецо во февруари следната година.

Ова е првпат да се воведе почесна улога на водач, а Комитетот на Олимписките и Параолимписките игри на САД (USOPC) објави дека „Coach Snoop“ (тренерот Снуп) ќе биде дел од „тимот во заднина“ што ќе им помага на спортистите да освојат медали.

„Вистинските ѕвезди се членовите на тимот на САД, ќе бидам таму само за да навивам, да ја подигнам атмосферата и можеби да додадам малку мудрост од страна“, објави Снуп.

„Во моментот кога Снуп ги запозна спортистите, дојде до поврзаност, меѓусебно почитување, искрен интерес но и со голема доза смеа. Неговиот ентузијазам за олимпиското и параолимпиското движење е заразен и ние сме возбудени што официјално го пречекуваме во тимот“, рече извршната директорка на USOPC, Сара Хиршланд.

Снуп, исто така, поддржа голем број американски спортисти за време на минатогодишните Олимписки игри во Париз и беше дел од церемонијата на предавање на олимпиското знаме за неговиот роден град Лос Анџелес, каде што ќе се одржат Игрите во 2028 година.

„Во моментот кога пристигнав во Париз, се чувствував добредојден во семејството на USOPC. Ја почувствував енергијата, гордоста и љубовта кон спортот што го прави овој тим посебен. Начинот на кој персоналот ги крева спортистите, начинот на кој спортистите го инспирираат светот, бев воодушевен од првиот ден“, додаде Снуп.

globe

Слични новости

Немо го враќа трофејот од Евросонгот поради Израел

Немо го враќа трофејот од Евросонгот поради Израел

Победникот на Евровизија во 2024 година, швајцарскиот претставник Немо, одлучи да ја врати својата награда во знак на протест против учеството на Израел на натпреварот следната година, како причина наведувајќи ја војната на Израел во Појасот Газа

Урсула фон дер Лајен најмоќна жена во 2025

Урсула фон дер Лајен најмоќна жена во 2025

На листата на 100 најмоќни жени во светот за 2025 година на угледниот американски магазин Форбс на прво место е претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

Килиан Марфи во преговори за третиот дел од „28 години подоцна“

Килиан Марфи во преговори за третиот дел од „28 години подоцна“

Сони е во напредна фаза на претпродукција на третиот дел на филмот „28 години подоцна“ а за третото продолжение сакаат повторно да го ангажираат оскаровецот Килиан Марфи кој играше во првиот филм пред 20 години