Производството на серијата Хари Потер на HBO ќе започне во студиото „Warner Bros Leavesden“, во северозападен Лондон, летото 2025 година

Серијата ќе има сосема нова актерска екипа, додека ќе остане автентична со оригиналните книги, за да ги доближи волшебничките авантури до новата публика.

Стидионото „Leavesden“ се наоѓа во Ватфорд, северно од Лондон, а во тамошните студија е снимен хит филмот „Barbie“ во 2023 година.

„Warner Bros“ е продуцентската куќа која стои зад оригиналните филмови, во кои главните улоги ги толкуваат Даниел Редклиф, Ема Вотсон и Руперт Гринт.

Новата серија, заснована на книгите на Џ.К. Роулинг, е најавена од 2023 година а се наведува дека тоа ќе биде „веродостојна адаптација на култните книги“.

„Серијата ќе има нова актерска екипа, ќе биде полна со фантастични детали, саканите ликови и драматични локации кои обожавателите на Хари Потер ги сакаат повеќе од 25 години“, рече тогаш стримерот Мах.

„Секоја сезона ќе биде автентична за оригиналните книги и ќе ги носи Хари Потер и овие неверојатни авантури пред нова публика низ целиот свет, додека оригиналните, класични и сакани филмови ќе останат во срцето на франшизата и достапни за гледање низ целиот свет“.

По повикот за актерите, објавен во септември, 32.000 деца биле на аудиција за главните улоги, а тимот прегледува и до 1.000 ленти дневно, според HBO.

Актерската екипа на омилените ликови, вклучувајќи ги Хари Потер, Рон Визли и Хермиона Гренџер – која ја играат Редклиф, Гринт и Вотсон – ќе биде објавена подоцна.

 

globe

Слични новости

Елтон Џон прогласен за икона на годината на „Тајм“

Елтон Џон прогласен за икона на годината на „Тајм“

Сер Елтон Џон е прогласен за икона на годината на магазинот „Тајм“ за 2024 со што е овековечено неговото шестдецениско патување низ музичката индустрија. Признанието не го одразува само неговото трајно влијание во музиката, туку и придонесот кон филантропијата и активизмот.

„Ловецот Кравен“ ја имаше најслабата премиера на  филм базиран на стрип херој на Марвел

„Ловецот Кравен“ ја имаше најслабата премиера на  филм базиран на стрип херој на Марвел

На американскиот Бокс офис трета недела по ред доминираат Моана 2 и Викед, додека филмот на Сони „Ловецот Кравен“, базиран на лик од стрип јунаците на Марвел е на третото место со само 11 милиони долари заработка во премиерниот викенд