Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата изјави дека смета на единството и храброста на неговите сонародници и на прагматизмот и „конструктивниот“ пристап во односите со САД.
„Ние стоиме цврсто на сопствените нозе. Сметам на украинското единство, нашата храброст… на единството на Европа и прагматизмот на Америка“, рече Зеленски во своето редовно ноќно видео-обраќање. „Затоа што на Америка ѝ треба успех исто како и на нас“.
Рече дека во четврток ќе се сретне со американскиот претставник за Русија и Украина, Кит Келог, и дека „од клучно значење за нас е оваа средба и целата соработка со Америка да бидат конструктивни“.

„Заедно со Америка и Европа, мирот може да биде посигурен и тоа е нашата цел. Успехот нѐ обединува. Нашето единство е најсилната заштита за нашата иднина. Иднина без Путин, но со мир“, наведе уште Зеленски.
Украинскиот претседател ја даде изјавата по американско-руските разговори во Саудиска Арабија во вторникот, на која меѓу другито се зборуваше и за ставање крај на речиси тригодишната војна, средба на која Украина не беше поканета.
Неговите забелешки се однесуваат и на коментарот на американскиот претседател Доналд Трамп дека Зеленски е „неизбран диктатори“ бидејќи Киев нема одржано избори поради војната. Трамп, исто така, посочи дека Зеленски е одговорен за руската инвазија во 2022 година, затоа што не преговарал.
Слични новости
Трамп и даде три недели на Европа да ги усогласи условите за капитулација на Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп и даде на Европската Унија три недели за да ги усогласи условите на капитулацијата на Украина, напиша европратеникот Мика Алтола на социјалната мрежа Икс.
Рубио: Нема средба Путин-Трамп без напредок во преговорите за Украина
Евентуалната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин „во голема мера ќе зависи од тоа дали можеме да постигнеме некаков напредок во завршувањето на војната во Украина“, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио
Зеленски: Разговорот со Келог „ги враќа надежите“ за успех
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот изјави дека Украина е подготвена брзо да работи на постигнување силен договор за инвестиции и безбедност со САД, велејќи дека средбата со американскиот претставник Кит Келог „ја враќа надежта“ за успех