Смарт телефоните се очекува да поскапат за 6,9 насто во 2026 година поради недостигот на мемориски чипови што е предизвикано од силната побарувачка во секторот на вештачката интелигенција, се наведува во истражувањето на компанијата Каунтерпонт рисерч.

Прогнозата е значително променета во однос на претходните проекции кои најавуваа раст на цените на смарт телефоните за 3,6 насто, пренесува телевизијата Си Ен Би Си.

Освен тоа, глобалните испораки на смарт телефони во 2026 би можеле да паднат за 2,1 насто, за разлика од претходната проекција која предвидуваше стабилен резултат или благо позитивен раст.

Слични новости

„Ford“ отпишува 19,5 милијарди долари во делот со електрични возила

„Ford“ отпишува 19,5 милијарди долари во делот со електрични возила

Американскиот автомобилски гигант „Ford“ објави дека ќе отпише околу 19,5 милијарди долари од своето непрофитабилно работење со електрични возила, што сигнализира поместување на фокусот на производството кон хибридни модели, особено во сегментот на пикапи