Апелација ја потврди ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во случајот „Талир 2“. Со одлуката ВМРО-ДПМНЕ го задржува партиското седиште проценето на 14 милиони евра, како и друг имот вреден околу два милиони евра.
Апелацискиот суд ја одби жалбата на обвинителството оценувајќи дека не било докажано дека ГП „Бетон“ при склучувањето на договорите со партијата вршел јавни услуги и дека постоела законска забрана за донирање.
Пред три години Груевски првостепено беше осуден на шест години затвор, а беше наложена и конфискација на партискиот имот. Таа пресуда апелација ја укина по измените на кривичниот законик, по што судењето почна одново.
За Кирил Божиновски во меѓувреме делото застаре.
Слични новости
Граѓани во Битола утрово бараат да влезат во Алта банка -сакаат да си ги подигнат парите
Утрово во Битола граѓани во редици чекаат да влезат во „Алта Банка“ и да си ги подигнат средствата. Инсистираат да влезат во банката и не ја прифаќаат одлуката на Народна Банка дека смеат да подигнат само 10.000 недело.
НБРМ влезе со администратор во Алта Банка, за граѓаните максимум 10 илјади денари неделно од сметка за да преживеат
Народната Банка на Македонија од вчера попладне го презеде управувањето со Алта Банка Битола, постави тројца администратори и воведе ограничувања за граѓаните клиенти кои од утре ќе имаат на располагање 10 илјади денари неделно односно 40 илјади денари месечно
Наредниот период врнежливо, најобилни дождови се очекуваат во недела и понеделник
Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд нè очекува во следните денови. Дождот ќе биде поизразен попладне и во текот на ноќта, а во недела и понеделник на одделни места се очекуваат и пообилни врнежи.


