Апелација ја потврди ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во случајот „Талир 2“. Со одлуката ВМРО-ДПМНЕ го задржува партиското седиште проценето на 14 милиони евра, како и друг имот вреден околу два милиони евра.
Апелацискиот суд ја одби жалбата на обвинителството оценувајќи дека не било докажано дека ГП „Бетон“ при склучувањето на договорите со партијата вршел јавни услуги и дека постоела законска забрана за донирање.
Пред три години Груевски првостепено беше осуден на шест години затвор, а беше наложена и конфискација на партискиот имот. Таа пресуда апелација ја укина по измените на кривичниот законик, по што судењето почна одново.
За Кирил Божиновски во меѓувреме делото застаре.
Слични новости
МВР и натаму не соопштува детали од истрагата за бегството на Ива Михаилова
„Овој упад кој што е направен и буквално е киднапирано лице коешто сега е бегалец од правдата, нема вака да заврши“ порача премиерот Мицкоски и додаде дека не смее да бидеме жртва на емотивни реакции.
Најава за протест на професионалните војници
Независниот синдикат на професионални војници упати остри критики кон министерот за одбрана Владо Мисајловски и најави протест пред Владата на 7 ноември.
И ЛДП побара одговорност од владата за бегството на Ива Михајлова
Од партијата прашуваат каде е премиерот Христијан Мицкоски и зошто нема реакција на, како што наведуваат, сериозните слабости во функционирањето на институциите.


