Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство и мерки на претпазливост против 23 лица кои утрово беа спроведени во судот, а поврзани со акцијата од обвинителството означена како „Адитив“, донесоа решенија со кои:
По произнесување на Јавниот обвинител и приведените осомничени лица, во присуство на нивни бранители, како и ценење на фактите и доказите приложени во предлозите за определување мерки, за осомничените : В.С., П.С., М.С., М.Ј., Д.С., Н.С., Р.С. и П.М. го прифати предлогот на Основниот јавен обвинител и им определи мерки притвор во траење од 30 дена, заради постоење на основите од член 165. ст.1, т.1., 2. И 3. од ЗКП, односно Опасност од бегство, Влијание врз сведоци и Околности дека може да го повтори делото, за осомничениот М.С. , имајќи ја предвид неговата возраст и преземените дејствија, судот му определи мерка куќен притвор. За осомничените: Д.С., С.М., П.Ч., Д.С., А.М., З.Н., З.А., С.М., М.В., Д.Ч., В.М., Н.Н. и С.К., судот го прифати предлогот за определување мерки за претпазливост согласно член 146 ст.1, т.2, 3. и 6. односно Одземање на патна исправа, Обврска повремено да се јавува во судот, Забрана за одржување и воспоставување контакти, како и т.7 за одредени лица односно Забрана за преземање на определени работни активности поврзани со кривичното дело.
Што се однесува до осомничениот В.К. кој, до овој момент не е лишен од слобода ниту е спроведен или се јавил во судот, до Основниот кривичен суд Скопје, надлежниот Јавен обвинител достави предлог за определување мерки за претпазливост согласно член 146 ст.1, т.2, 3. и 6. односно Одземање на патна исправа, Обврска повремено да се јавува во судот и Забрана за одржување и воспоставување контакти, за кои судот дополнително ќе одлучува откако истиот ќе биде обезбеден од органите на прогон. Јавноста треба да биде запознаена дека согласно Законските одредби судија на претходна постапка не може да определи построги мерки за обезбедување присуство од мерките кои ги предлага Јавниот обвинител. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
Слични новости
Македонскиот пасош на 34. место меѓу патните исправи на 133 земји во светот
Пасошот на Македонија се наоѓа на 34-то место заедно со Ел Салвадор, Гватемала и Тајван. Македонскиот пасош овозможува непречен влез без виза во 80 држави, додека пак во 50 држави се добива виза по пристигнување.
Скопје утрово е најзагадениот град во Европа
На листата најзагадени градови во светот прв е Делхи, потоа следуваат Лахор, Акра, Дака, Кабул, а потоа е Скопје. Според податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“, главниот град на Македонија утрово е најзагаден град во Европа.
Најстудено во Берово, најтопло во Дебар
Во седум часот, висината на снежната покривка во сантиметри изнесувала 33 на Попова Шапка, 24 – Маврови Анови.