Фудбалерите на Ливерпул синоќа го забележаа 20-иот пораз во сезоната откако беа совладани од Астон Вила со 4:2. Астон Вила поведе со 1:0, Ливерпул израмни со голот на Ван Дајк на 1:1, а потоа Астон Вила даде три гола по ред и во 89-тата минута водеше со недостижни 4:1, за Ван Дајк да го ублажи поразот во судиското надополнување.

Ливерпул е сега петти на табелата и во последното коло на домашен терен ќе мора да го победи Брентфорд за да обезбеди учество во Лигата на шампионите следната сезона.

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот кој е на жестоки удари од навивачите и јавноста порача дека следната сезона ќе биде подобра за Ливерпул и дека луѓето го потценија „ресетот“ што го донесе преодниот рок оваа година.

Слични новости

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено