По поразот од ПСВ на домашен терен од 1:4 Ливерпул за прв пат во 72 години загуби три меча по ред со три голови разлика, па тренерот Арне Слот е под силен притисок.

Ливерпул е дури 12-ти на табелата со 11 бодови помалку од лидерот Арсенал по 12 кола, а во Лигата на шампионите тимот е деветти по пет меча.

Арне Слот порача дека продолжува да се бори и се обидува да ја поправи формата и резултатите на тимот.

Оваа сезона Ливерпул потроши повеќе од 500 милиони евра на засилувања, а резултатите се очајни, но Слот засега не е сменет поради титулата што ја освои со клубот минатата година, а и затоа што во Ливерпул не е пракса често да се менуваат тренери.

В недела Ливерпул игра против Вест Хем, и ако тимот не победи Слот веројатно ќе биде сменет.

Слични новости