Словенците на референдум одржан во неделата го отфрлија законот за асистирана смрт или еутаназија, покажаа резултатите на референдумот. Одзивот на гласачите бил 40,4 насто, а против се изјасниле 53 насто од гласачите.

Законот бил отфрлен во повеќето изборни единици, а поддршка имал само во урбаните реони околу Љубљана, Крањ, Копар, Цеље и Нова Горица, јави словенечката агенција СТА.

Словенците гласаа на референдум за законот со кој на терминално болните лица, кои се ментално способниим даваше за право да го окончаат својот живот со медицинска помош.

 

Слични новости

Дете изгоре автомобил со жижица

Дете изгоре автомобил со жижица

Петгодишно момченце, на кое мајка му дала жижица, запалило автомобил и предизвикало штета од 30.000 евра, соопшти во неделата полицијата во западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија

Бен Стилер му возврати на Тарантино

Бен Стилер му возврати на Тарантино

Актерот Бен Стилер застана во одбрана на колегата Пол Дан откако култниот режисер Квентин Тарантино го нарече „проклето најлошиот актер во Холивуд” во шокантната изјава

Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост

Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост

Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија