Словенија усвои измени на Законот за возачи со кој на сопствениците на возачки дозволи издадени во Македонија им се овозможува замена на документот без полагање на возачкиот испит, под услов да имаат регулиран престој во Словенија.

Одлуката која е донесена вчера претставува значително олеснување за македонските граѓани кои живеат и работат во Словенија, а важи и за сопствениците на возачки дозволи од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово.

Од словенечката влада објаснуваат дека целта не е да се воведат привилегии, туку да се отстранат неоправдани административни пречки.

Словенечката опозиција се спротивстави на носењето на законот наведувајќи дека промената може да влијае врз безбедноста во сообраќајот.

Слични новости