Три оригинални слики од култниот американски тв-уметник Боб Рос се продадени за повеќе од 600.000 долари на аукција во Bonhams во Лос Анџелес во вторникот, а сите приходи одат за поддршка на јавните радиодифузери низ САД кои се силно погодени од намаленото владино финансирање.
Аукцијата ја организираше Американската јавна телевизија (APT). Вкупно триесет слики беа понудени на аукцијата.
Аукцијата се одржа во живо. Снежниот пејзаж од 1993 година насловен „Зимско спокојство“, кој Рос во целост го насликал за време на неговата 11-годишна емисија на PBS „Радоста на сликањето“, се продаде за 318.000 долари на наддавач преку телефон.
„За добра работа – и ќе добиете слика“, рече аукционерот Арон Бастијан за време на лицитацијата, потсетувајќи се на вообичаената порака на Рос.
Друга слика, создадена во емисија на PBS во 1993 година, зелен пејзаж наречен „Дом во долината“, беше продадена за 229.100 долари, а трета – „Клифсајд“, се продаде за 114.800 долари.
Понудите за сите три слики далеку ја надминаа нивната проценка пред аукцијата од 50.000 долари.
Уште три слики од Рос ќе бидат понудени на аукција во Bonhams во Марлборо, во сојузната држава Масачусетс, на 27-ми јануари а преостанатите аукции ќе бидат во Њујорк и Лондон. Сите нето добивки одат кај станиците што користат содржина од дистрибутерите на American Public Television (APT).
Рос почина во 1995 година. Тој беше голема ѕвезда на јавната телевизија во осумдесеттите и деведесеттите години.
Целта на овие специјални распродажби е да им се помогне на станиците што бараат лиценци за да продолжат со емитување, вклучувајќи ја емисијата на Рос, „America’s Test Kitchen“, „Julia Child’s French Chef Classics“ и „This Old House“, како и емисии од бројни помали и рурални станици.
Тие станици „беа како порта за генерации гледачи да дознаат за трансформативната моќ на уметноста преку туторството на Боб“, рече Џоан Ковалски, идејна зачетничка на аукцијата и претседателка на „Bob Ross Inc.’, компанијата што управува со интелектуалната сопственост, брендот и наследството на Рос.
Таа ја организираше аукцијата инспирирана од фактот дека претходно во 2025 година видела две слики од приватната колекција на Рос кои биле понудени на продажба во Bonhams по високи цени. Се обратила до APT за да истражи дали пообемна продажба би можела да им помогне на јавните станици да ги надоместат загубите поради недостигот од државно финансирање.
Во јули 2025 година, Конгресот намали 1,1 милијарда долари федерално финансирање за јавните радиодифузни корпорации, како одговор на одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги укине средствата за јавните медиуми. Ова остави околу 330 PBS и 246 NPR станици без финансирање.
Рос почина на 52-годишна возраст од рак по 11 години емитување на терапевтската емисија „Радоста на сликањето“. Тој беше познат по своето смирувачко однесување и охрабрувачки зборови кон гледачите. Стекна популарност дури во децениите по неговата смрт, а неговите емисии доживеаја пораст на популарноста за време на пандемијата на коронавирусот.
Слични новости
Дете изгоре автомобил со жижица
Петгодишно момченце, на кое мајка му дала жижица, запалило автомобил и предизвикало штета од 30.000 евра, соопшти во неделата полицијата во западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија
Бен Стилер му возврати на Тарантино
Актерот Бен Стилер застана во одбрана на колегата Пол Дан откако култниот режисер Квентин Тарантино го нарече „проклето најлошиот актер во Холивуд” во шокантната изјава
Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост
Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија


