Сликата во масло на белгискиот уметник Рене Франсоа Гисле Магрит е продадена во вторникот во Њујорк за 121 милион долари, со што е поставена нова рекордна цена за надреалистичко дело, објави аукциската куќа Christie’s.

Делото на Магрит под наслов „L’empire des lumières“, насликано во 1954 година, продадено за рекордна сума по само десет минутното наддавање.

 

Сликата, која на аукцијата беше дел од колекцијата на Мика Ертегун (родена Јоана Марија Бану – славна романско-американска дизајнерка на ентериери), е една од 27-те дела – 17 масла и 10 гвашева – насликани од уметникот под истиот наслов.

Пред продажбата, аукциската куќа ја означи големата слика во масло, висока 146 сантиметри и широка 114 сантиметри, како „крунски скапоцен камен на панорамската колекција на Ертегун“.

Сликата покажува улица во предградие, со куќа осветлена само со една улична светилка чија светлина се рефлектира во водата. Над профилот на куќата се наоѓаат дрвјата што ја опкружуваат, а на горниот дел од платното е насликано светло сино небо испреплетено со бели облаци.

Надреалистичкиот уметник, кој живеел од 1898 до 1967 година, го насликал ова масло под необични околности. Тој им го ветил делото на тројца различни купувачи откако го изложил со голема помпа на Биеналето во Венеција во 1954 година.

Според Christie’s, сликата на крајот ја купила четвртиот купувач – Пеги Гугенхајм – а Магрит насликал уште три верзии „за да ги смири разочараните“. Едно од тие три нови дела беше продадено во вторникот.

globe

Слични новости

Деми Мур ја доби наградата за најдобра актерка од филските критичари

Деми Мур ја доби наградата за најдобра актерка од филските критичари

Деми Мур ја освои наградата за најдобра актерка на наградите Critics’ Choice Awards во Лос Анџелес во петокот, потврдувајќи го нејзиниот статус на водечка кандидатка за Оскар, додека шансите на контроверзната шпанска актерка Карла Софија Гаскоњ се намалуваат

Анора филм на годината во изборот на американските филмски критичари

Анора филм на годината во изборот на американските филмски критичари

„Анора“ филмот кој победи на Кан, ја освои главната награда на американските филмските критичари. Наградата за најдобра главна машка улога му припадна на Едријан Броди за улогата во филмот „Бруталист“, а за најдобра женска улога наградата ја доби Деми Мур за филмот „Суштина“.