Легендарниот рок бенд „Ганс енд роузес“ во 2026 ќе има голема турнеја низ Америка, потврди гитаристот на бендот Слеш. За време на турнејата „Ганс енд роузес“ не планираат да настапат во најскапата и најмодерна сала „Сфера“ во Лас Вегас.
Слеш смета дека таквиот простор со својата фокусираност на визуелните ефекти се заканува да ја задуши суштината на вистински рок концерт. „Тоа станува визуелен спектакл, а не е рок концерт“ изјави Слеш.
Славниот гитарист рече и дека работат на материјал за нов албум, но дека не може да открие никакви планови, затоа што во минатото секогаш кога „Ганс енд роузес“ се обидувале нешто да испланираат однапред се распаѓало.
Слични новости
Дете изгоре автомобил со жижица
Петгодишно момченце, на кое мајка му дала жижица, запалило автомобил и предизвикало штета од 30.000 евра, соопшти во неделата полицијата во западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија
Бен Стилер му возврати на Тарантино
Актерот Бен Стилер застана во одбрана на колегата Пол Дан откако култниот режисер Квентин Тарантино го нарече „проклето најлошиот актер во Холивуд” во шокантната изјава
Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост
Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија


